„Се поголем е бројот за заминување на медицински сестри од Македонија. Податоци имаме дека околу 12 сестри месечно си заминуваат од Македонија. Бараат препораки од здруженија и од болниците за заминување во Европа. Најчесто тоа е Германија, Швајцарија, а веќе и во Хрватска имаме доста заминато колешки“, вели Јулијана Казанџиска-претседателка на здружението на медицински сестри на анестезиј и реанимација.
Загрижува податокот дека покрај младите заминуваат и сестри во поодминати години, со повеќе од 20 години работен стаж. Само лани си заминале повеќе од 1500 медицински сестри велат од првото македонско здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега.
Facebook Forum