Линкови за пристапност

Бајден и Трамп со различни ставови за имиграциската политика - главна тема кај американските гласачи


Илегалната имиграција е главното прашање за многу гласачи на овогодинешните претседателски избори во САД. Дописникот на Гласот на Америка, Скот Стернс, споредува како кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден се разликуваат околу ова прашање.

На овонеделните прелиминарни избори во Висконсин, илегалната имиграција беше водечко прашање за многу гласачи, вклучувајќи го и Скот Линдеман.

„Имиграција, инфлација, право на живот. Тоа се најголемите три теми за мене“, вели Скот Линдеман гласач од Висконсин.

Линдеман претходно гласал за републиканецот Доналд Трамп и вели дека ќе гласа повторно за него.

Трамп на собир во Висконсин изјави дека ја подготвува „најголемата депортација во американската историја“ за да ја исчисти земјата од оние што тој ги смета за опасни луѓе.

„Тие испраќаат затвореници, убијци, дилери на дрога, пациенти со ментални болести, терористи. Сега во нашата земја доаѓа најлошото од секоја земја. Доаѓаат од Конго, Јемен, Сомалија, Сирија, од целиот свет. Доаѓаат, ја менуваат земјата, претставуваат закана и ја уништуваат земјата“, рече републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп.

Неодамнешна анкета на Харвард покажува дека имиграцијата е главното прашање за американските гласачи, при што повеќе од една третина од испитаниците го ставаат ова прашање пред економијата, криминалот и здравствената заштита.

Претседателот Бајден вели дека имигрантите придонесуваат за економијата на САД и не се опасни „животни“, како што ги нарекува неговиот противник.

„На првиот ден на функцијата претседател, претставив сеопфатен план за да го поправиме нашиот систем за имиграција, да ја обезбедиме границата, да обезбедиме пат до државјанство и за нивните семејства, за земјоделските работници, работниците коишто ни помогнаа во пандемијата. Затоа што за разлика од Доналд Трамп, знам кои сме ние како Американци“, рече претседателот на САД, Џо Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG