Линкови за пристапност

ДИК ќе проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат законските услови


ДИК ќе проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат законските услови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Во пресрет на официјалниот старт на кампањата за претседателските избори првите луѓе на подмладоците на 42 политички партии ја потпишаа Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза, практика која е воспоставена уште во 2014. Детали од Владимир Мирчески во Скопје.

До полноќ во ДИК, кога истекуваше рокот, се пријавиле толку кандидатски листи. Повеќето од нив – 13 ќе се натпреваруваат во сите шест изборни единици, останатите 4 решиле дека ќе имаат кандидатски листи само во неколку, а не во сите изборни единици. Меѓу партиите и коалициите кои доставиле кандидатски листи за сите шест изборни единици се оние за кои се предвидува дека ќе ги распределат 120 пратенички мандати - коалциите предводени од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, од опозицијата во албанскиот блок, Левица и ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Вчера во седиштето на ДИК се појавија сите седум кандидати за претседател на државата за да стават потпис на Кодекстот за фер и демократски избори, настан кој делумно беше успешен зашто на документот не се потпиша кандидатот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, но и затоа што неколкумина од останатите учесници во трката изразија сомнеж дека процесот ќе биде демократски. На 24 април ќе се одржи првиот, а на 8 мај вториот круг претседателски избори заедно со парламентарните избори, први што ќе се одржат во редовен термин од 2006 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG