Линкови за пристапност

Евангелистички христијани пристигнуваат во солидарни посети низ Израел


Евангелистички христијани пристигнуваат во солидарни посети низ Израел
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Додека Израел се соочува со сѐ поголем број на критики за воената кампања против Хамас во Газа, многу евангелски христијани патуваат во државата за да ја покажат својата поддршка за еврејската држава. Известува Линда Градштајн.

Оваа група меѓународни евангелистички христијани дојде во Цитрус и сол – тоа е кулинарско училиште за туристи и други во Тел Авив – за да подготви оброци за израелските војници стационирани на северната граница со Либан.

Нивната посета е организирана од про-израелска организација позната како Меѓународна христијанска амбасада во Ерусалим и вклучува берење овошје во евакуираните кибуц фарми, носење помош за израелските евакуирани од граничните заедници во Газа и Либан и посета на локации кои беа нападнати од Хамас. Тие велат дека тоа го прават со цел да сведочат и да се молат за израелските заложници кои сѐ уште се во Газа.

Учесниците велат дека веруваат дека вршат Божја работа со тоа што моментално го поддржуваат Израел.

„Сфатив дека тоа е она што Бог сака да го направам, да влејам надеж во нацијата што тагуваше и да му покажам на еврејскиот народ – да го поддржам среде војната, да останам таму“, вели Нативиа Самуелсен, волонтерка од Данска.

Други волонтери велат дека нивната религиозна вера ги инспирирала да дојдат на солидарна мисија во Израел, дури и среде војна.

„Мајка ми и татко ми на ова изреагираа и ме прашаа дали сум луд. Јас сум од Колумбија и навикнат сум да живеам во земја во која сте во постојана опасност“, посочува Клаудио Пикардо, волонтер од Колумбија.

Многу евангелстички христијани со години се поддржувачи на Израел, особено во САД. Портпаролот на Христијанската амбасада Дејвид Парсонс вели дека оваа војна ја засилила поддршката.

„Денес има христијани ширум светот кои го сакаат еврејскиот народ и еврејската држава, кои се грижат за тоа и веднаш бевме свесни дека ова е најлошиот ден за еврејскиот народ од нацистичкиот геноцид врз нив. Сакавме да ги поддржиме и да им помогнеме колку што можеме. Дониравме 4 нови амбулантски возила, 5 нови противпожарни возила, 12 нови засолништа од бомби, 140 реновирани подземни засолништа од бомби“, објаснува Дејвид Парсонс од Меѓународната христијанска амбасада во Ерусалим.

Израелските власти ги ценат овие солидарни посети и од христијанските и од еврејските групи, особено кога бројот на туристи кои доаѓаат во Израел се намали на околу 10% во споредба со периодот пред 7 октомври.

„Да се видат луѓе од странство кои пристигнуваат овде и волонтираат овде, ги посетуваат погодените области и евакуираните што се наоѓаат низ земјата. Покажува многу голема морална поддршка, особено деновиве кога се соочуваме со наплив на антисемитизам“, вели Пелег Леви, израелски министер за туризам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG