Линкови за пристапност

Македонија четири години дел од најмоќниот воено-политички Сојуз


Македонија четири години дел од најмоќниот воено-политички Сојуз
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

Веќе четири години земјата е дел од најмоќниот воено-политички Сојуз во кој влезе по исполнувањето на потребните критериуми, но и по компромисот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор кој значеше промена на уставното име. Автор: Владимир Мирчески

Веќе четири години земјата е дел од најмоќниот воено-политички Сојуз во кој влезе по исполнувањето на потребните критериуми, но и по компромисот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор кој значеше промена на уставното име. Отсташките вредеа, вели владиниот врв кој денеска се собра за да ја одбележи годишнината од зачленувањето во Алијансата.

„Верувам дека сите граѓани се горди на снимката како знамето на С.Македонија се развиорува пред седишетот на НАТО. Таа слика е слика на историјата и на иднината на едно место. Денес, С. Македонија е вреднувана членка на Алијансата. Не само што живееме во стабилност и извесност, туку сме и фактор на стабилност на Западен Балкан“, рече премиерот на техничката влада, Талат Џафери.

Неполни две години по примемот на земјава во НАТО, Европа се соочи со незамисливото – војна од огромни размери на нејзиното тло. Во февруари 2022 Русија изврши инвазија врз Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG