Линкови за пристапност

Онлајн универзитет обезбедува образование без школарина за студенти ширум светот


Онлајн универзитет обезбедува образование без школарина за студенти ширум светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:40 0:00

Народниот универзитет е онлајн универзитет без школарина, е основан во 2009 година и акредитиран во 2014 година. Целта на американската непрофитна организација што ја менува играта е да го направи образованието достапно за околу 140.000 студенти од 200 земји. Максим Адамс ја има сторијата.

Катерина Глубоченко е од Миколаев, Украина. Кога Русија ја нападна нејзината земја, таа беше само три месеци од завршување на додипломските студии.

„Сите почнаа да го напуштаат градот во паника. Бизнисите беа затворени. Буквално запре сѐ“, вели Катерина Глубоченко, дипломантка на Народниот универзитет.

Но, Глубоченко не се откажа од своето образование. Континуирано продолжи да студира идипломираше, понекогаш студирајќи во засолништа за бомби.

„Беше целосна катастрофа, освен Народниот универзитет, сè уште го имав него“, додаде таа.

Народниот универзитет, се смета за прв непрофитен онлајн универзитет акредитиран од САД без школарина. Сепак, универзитетот не е целосно бесплатен. Студентите мора да платат помеѓу 140 и 400 долари за секој предмет што го посетуваат. Студентите на крајот плаќаат околу 5 илјади долари за да добијат диплома, а помалку од тоа за некои од магистерските програми на Универзитетот.

Покрај тоа, Универзитетот нуди систем на стипендии за луѓе кои не се во можност да платат школарина. Ако студентите се квалификуваат, а околу 50 проценти се квалификуваат, диплома не чини ништо.

Според веб-страницата bestColleges.com, во 2022 година, просечната цена на школарина и такси на четиригодишен јавен универзитет во Соединетите држави изнесуваше околу девет илјади и шестотини долари годишно.

Народниот универзитет е основан во Сан Франциско во 2009 година од американскиот израелски бизнисмен и претприемач Шаи Решеф, кој вели дека универзитетот прифаќа студенти од целиот свет.

„Во САД имаме бездомници, имаме студенти без документи, имаме мајки кои остануваат дома. Но, имаме и многу луѓе кои доаѓаат од тешка ситуација“, вели Шаи Решеф, основач и претседател на универзитетот.

Авганистанската бегалка Кадија Амини е студентка на Народниот универзитет која живее во Албанија додека ја чека својата американска виза. Нејзините родители работеле за авганистанската влада, но откако Талибанците дошле на власт, тие избегале. Народниот Универзитет и даде на Амини не само можност за образование што Талибанците би ѝ го ускратиле, туку многу повеќе.

„И други авганистански девојки сакаат да учат. Штотуку започнав да ги учам онлајн од дома волонтерски. Исто така, почнав да ги учам како да најдат остварливи ресурси“, вели Кадија Амини, студентка на Народниот универзитет.

Денес, околу 130.000 студенти од 200 земји студираат на Народниот универзитет. Персоналот кој брои околу 26.000 луѓе - сите се волонтери, а универзитетот обезбедува дипломи за бизнис администрација, информатичка технологија, здравствени науки и многу повеќе.

„Сметам дека образованието е основно право и секој човек во светот треба да ја заслужи можноста. И токму тоа го правиме. Развиваме модел на високо образование за да покажеме дека високото образование може да биде дофатливо и достапно за сите“, вели Шаи Решеф, основач и претседател на универзитетот.

Народниот универзитет работи со голем број водечки светски институции за високо образование, вклучувајќи ги универзитетите во Единбург и Мекгил. Исто така, добива поддршка и помош од непрофитни организации како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и технолошки гиганти како Гугл и Интел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG