Линкови за пристапност

Универзитет во Њујорк ги истражува причините за ненадејна смрт кај стотици деца во САД


Универзитет во Њујорк ги истражува причините за ненадејна смрт кај стотици деца во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Синдромот на ненадејна смрт кај децата, ретка и катастрофална појава, засега речиси 400 семејства во САД годишно. Студија на Универзитетот на Њујорк, дава надеж за откривање на причината зад некои од овие трагични смртни случаи. Арон Ранен јавува од Њујорк.

Семејството Биган е едно од многуте кои се борат со необјаснетата загуба на нивната ќерка Рози, која починала на двегодишна возраст.

„Рози беше полна со живот. Беше многу среќно девојче. Цело време се шегуваше. Сакаше да биде околу своето семејство“, вели мајката Лоран Биган.

Таткото Чарсл Биган додава: Таа беше нашиот свет. Целиот наш живот се вртеше околу неа.

Она што започнало како обична семејна вечер завршило трагично со наоѓање на безживотното тело на Рози рано следното утро.

„Поради некоја причина сакав да влезам во нејзината соба само за да ја проверам и забележав дека е навистина мирна. Ја ставив раката на нејзиниот грб. Кога се разоткри, забележав дека таа не реагира и веднаш отидовме во болница“, вели Чарсл.

И покрај тоа што итно ја однеле во болница, лекарите не можеле да ја утврдат причината за ненадејната смрт на Рози.

„Лекарите не контактираа во рок од ден или два, и се разбира, нивните првични наоди не дадоа ништо“, додава Чарлс.

Среде најлошиот кошмар, семејството Биган барало одговори. Можност за тоа дава нодамнешна студија на Универзитетот на Њујорк, во која семејството Биган се согласило да учествува.
Истражувачите детално ја прегледале снимката од камерата во спалната соба на Рози и неколку други деца, откривајќи ја потенцијалната причина за нивната прерана смрт - краток сет на напади.
„Сите пет континуирано снимани видеа покажаа ненадејно случување пред снимката што покажа дека повеќе не постоеја знаци на живот. Видовме дека нападите беа кратки, беа помалку од една минута. Тоа беше шокантно за сите инволвирани“, вели Лора Гулд која го води ова истражување на Универзитетот на Њујорк .

Таа трагично ја изгубила сопствената ќерка од истата здравствена состојба на 15 месеци.

„Кога ќе ви умре дете, тоа е вашиот најлош кошмар како родител, а потоа следниот ден ќе ви речат дека не нашле ништо лошо кај неа. Едноставно тоа не се објаснува. Обидот да го живеам животот без да знам што се случило ме однесе на овој пат“, додава Гулд.

Нападите забележани на видеокамерата, заедно со резултатите од обдукцијата, можеле да придонесат за подлабоко разбирање и потенцијално да спречат слични трагедии.

„Дали има нешто што можеме да го проучиме од обдукцијата за да идентификуваме што е различно кај тие деца? И тогаш можеме да го искористиме тоа за да разбереме кои се ризични фактори и да ги идентификуваме децата во ризик. Затоа овие видеа од камерите беа толку извонреден доказ за спојување на оваа приказна“, објаснува Гулд.

Со раширената употреба на видеокамери во детските спални соби, постои малку надеж дека на крајот може да се појават вистинските причини за овие необјаснети смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG