Линкови за пристапност

Одбивањето вакцинација за децата, отвора врата за старите болести


Одбивањето вакцинација за децата, отвора врата за старите болести
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:49 0:00

За поголем успех треба да има теренска вакцинација, како во поранешна Југославија, кога родителите не биле прашани, дали ќе дозволат или не  нивното дете да биде вакцинирано, вели епидемиологoт Јованка Коровешоска.

Поради сè уште нискиот процент на вакцинација особено кај помладата популација се враќаат некои од старите болести, кои биле карактеристични за пред шест и седум децении, како што се големата кашлица и малите сипаници, предупредуваат лекарите. Ако дојде до побрзо ширење на веќе искоренетите болести, штетите ќе бидат многу голем вели лекарот, Никола Пановски.

„Тоа се случува и за жал факт е. За среќа уште не се јавила детската парализа, која е најстрашна болест од овие од кои се вакцинираме. Едно дете да оболи, тогаш не знам каде ќе се криеме. Тоа не значи дека овие се лесни заболувања, особено црната кашлица и малите сипаници. Пред 70 години кога јас сум се родил имало 2,5 милијарди жители, а сега има 8 милијарди. Што значи дека многу побргу би се ширеле отколку што се ширеле пред вакциналниот период“, вели Пановски.

Јованка Коровешоска од Центарот за јавно здравје во Охрид вели дека е потврдено оти вакцинацијата е најдобар начин за заштита од заразните заболувања.

„Младите родители се повеќе избегнуваат да ги носат децата на имунизација. Не само за мрп, морбили, односно рубеола, паротит, што често ја поврзуваат со аутизам, меѓутоа избегнуваат и од другите вакцини. Немаат верба во ефикасноста на вакцината и во нивниот квалитет. Јас долги години работам во превентива и можам да кажам дека последните години од осамостојувањето на Македонија многу поголема грижа се води за ладниот ланец и начинот на чување од транспорт до аплицирање на вакцината отколку тоа што било во Југославија“, објаснува Јованка Коровешоска.

Голема штета направи и ковид пандемијата. Тоа придонесе за недоверба кај луѓето додава Пановски.

„Има движење на анти-ваксери кои сметаат дека некои од вакцините не треба да се примаат. Бидејќи за разлика од минатиот век, болестите сега не се јавуваат толку често, не заради вакцините, туку дека луѓето се социјално на повисоко ниво, ги мијат рацете, се хранат подобро што е заблуда. Од вакцините кои се во редовна програма кај нас, единствено може да се откажеме од вакцината за туберколоза- бсж, бидејќи во поголемиот дел од Европа се откажани“, објаснува Пановски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG