Линкови за пристапност

Користењето на Охридското Езеро се регулира со договор стар 67 години


Користењето на Охридското Езеро се регулира со договор стар 67 години
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:00 0:00

Охридското Езеро се регулира со договор стар 67 години, потшпишан меѓу тогашна Југославија и Албанија во времето на Тито и Енвер Хоџа. Затоа експерите сметаат дека е потребно негово ревидирање, поради променетите еколошки и економски услови. Автор Мики Трајковски

Државата не се откажува од користењето на водите на Охридското езеро за производство на струја, и покрај бројните предупредувања од еколошките активисти и стручната фела тоа да не се прави, но и да не се игра со неговото ниво. Од Електрани на Северна Македонија, кои управуваат со езерото, велат дека ја одржуваат котата на Охридско на просечно ниво согласно водостопанската дозвола. Но признаваат дека езерото учествува и во производство на струја.

„Во 2023 година Охридското езеро, учествувало со 3,65% од вкупното домашно производство на електрична енергија на АД ЕСМ“, соопштија од ЕСМ.

Многу често езерото се спушта и до минамално дозволената кота од 693,10 метри надморска височина, па во услови кога нема доволно врнежи, намалувањето на неговото ниво е најочигледно покрај езерскиот брег. Максималната кота е 693.75.

„Нивото на водата кое сега се користи 60 сантиметри во висина за производство на електрична енергија да се намали на 30 сантиметри, а испустот во Струга да се направи автоматски. Како се полни езерото повеќе, да течи и повеќе вода. Досега ништо не е направено. Границата е ставена на 693,10 но и под таа граница може водата да се спушти“, вели Димче Мајкоски од СРК „Свети Апостол Петар“.

Како се прави тоа. Имено преку истекот на реката Црн Дрим во Струга, со водата од езерото се полнат хидроцентралите Глобочица и Шпиље, каде се произведува струја. Испустот на Дрим сега се регулира рачно со помош на дрвени талпи.

„Единствено решение е да се изгради еден софистициран регулаторен систем на испустот на езерото преку Дрим за тие поставени талпи што помалку да служат како регулатори на нивото на езерото и на тој начин да не се создаваат неприродни осцилации на самото езеро. Вака на овој начин доаѓа до последици како што се кристализација на фреско живописот во крајбрежните цркви, умирање на растителниот и животинскиот свет, се намалува квалитетот на езерската вода, а можни се и други последици“, објаснува Ѓоко Зороски, еколошки активист.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG