Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во Албанија, а потоа заминува за Германија на Минхенската безбедносна конференција.
Меѓу прашањата со кои најверојатно ќе се соочи во Европа е застојот на воената помош за Украина во Претставничкиот на САД и коментарите на поранешниот претседател Доналд Трамп кој се заканува дека ќе се откаже од некои сојузници во НАТО доколку биде реизбран.
Додека Русија продолжува да ги напаѓа Харков и други украински градови, експертите предупредуваат дека одбивањето на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон да дозволи гласање за пакетот помош за Украина, Израел и Тајван, резултира со жртви, а Киев има недостиг од работна сила и муниција.
Претседателот Џо Бајден објасни што е во залог, велејќи дека поддршката на законот за воена помош испраќа клучна порака до рускиот претседател Владимир Путин.
„Ако не го запреме апетитот на Путин за моќ и контрола на Украина, тој нема да се ограничи само на Украина. А трошоците за Америка и нашите сојузници и партнери ќе се зголемат. За републиканците во Конгресот кои мислат дека можат да се спротивстават на финансирањето на Украина и да не бидат повикани на одговорност - историјата гледа“, предупреди Бајден.
Facebook Forum