Распишани двојните избори


Распишани двојните избори

No media source currently available

Претседателот на Собранието денеска ги распиша двојните избори кои за нешто повеќе од два месеца ќе се одржат во земјава – на 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, додека вториот круг и парламентарните ќе бидат на ист ден – 8 мај.

Претстојните претседателски избори се седми на кои, од независноста, граѓаните гласаат за шеф на државата, позиција која досега ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.

Засега, само професорката Билјана Ванковска ја официјализираше намерата да „трча“ за врвната позиција во земјава како кандидат на Левица. Како најсериозен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ се смета Гордана Силјановска Давкова. Актуелниот претседател Пендаровски се уште официјално не потврдил дека ќе бара втор мандат.

Идните парламентарни избори, пак, ќе бидат 11 по ред и први што ќе се одржат во редовен термин по 2006-та.

XS
SM
MD
LG