Линкови за пристапност

Кои се вашите новогодишни одлуки или резолуции?


Кои се вашите новогодишни одлуки или резолуции?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

Кои се вашите новогодишни одлуки или резолуции? Милиони Американци ќе кажат дека ќе ослабат, ќе заштедат повеќе пари или ќе научат нов јазик, само за повеќето од овие ветувања да бидат заборавени за неколку месеци. Па, зошто тогаш ги донесуваме новогодишните одлуки или резолуции?

За многумина во современиот свет, промената на календарската година може да направи мала разлика во нашиот секојдневен живот. Но, во поголемиот дел од историјата, луѓето живееле во земјоделски општества каде животот се вртел околу годишната жетва. Тоа постоело уште од древните Вавилонци.

Денес, многу култури ширум светот се вклучуваат во некој годишен ритуал на размислување за изминатата година и изразување надежи за новата. Но, содржината, па дури и времето на овие традиции, варира.

Во САД, новогодишните одлуки или резолуции често се фокусираат на само-подобрување и конкретни цели во врска со личниот или професионалниот живот. Италијанците на сличен начин изразуваат „буони пропозити“ или добри намери за претстојната година. Меѓутоа, на други места, новата година е време за реализирање желби, а не ветувања. Бразилците, на пример, ја користат својата клима со тоа што влегуваат во океан и со скокање преку седум бранови на полноќ, замислуваат желба. Русите, пак, ги запишуваат своите желби на лист хартија пред да ги запалат и измешаат пепелта во чаша шампањ.Кинеската Нова Година, кој паѓа помеѓу крајот на јануари и крајот на февруари, доаѓа со двонеделна прослава полна со празници, ритуали и специфични предмети како што се црвени пликови наменети да обезбедат добра среќа, здравје и просперитет во наредната година. И еврејската Нова Година на Рош Хашана на почетокот на есента следуваат 10 дена на покајание, каде што луѓето размислуваат за претходната година и бараат прошка за сите зла што ги направиле.

Но, ако новогодишните одлуки се толку древна и универзална практика, зошто се чини дека тие често не успеваат?

Според психолозите, најголемиот проблем е што нашите цели често се премногу амбициозни или едноставно премногу големи. Потешко е да се придржувате до општите цели како поздраво јадење или читање повеќе отколку конкретните мерливи, како што се откажување од пиење газиран пијалок или читање 20 страници на ден. Долгите списоци на резолуции може да бидат огромни и честопати завршуваат да бидат заборавени. И иако може да биде возбудливо да се постави огромна цел што ќе го промени животот, недостатокот на напредок може да ги наведе луѓето да се чувствуваат обесхрабрени и да се откажат.

Всушност, новогодишните одлуки дури и не мора да паѓаат на новата година. Поранешниот филозоф Антонио Грамши напишал дека наместо да се држиме до ритуал заради традицијата, секое утро можеме да го гледаме како шанса за обновување, додека истражувањата покажуваат дека резолуциите се најуспешни кога се мотивирани од вистинска потреба и се усогласуваат со другите животни промени. Дури и ако не успеат, одлуките или резолуциите можат да бидат важен начин за нас да направиме превид за нашите животи и да се потсетиме дека имаме моќ да се промениме.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG