Линкови за пристапност

Традиционално во Струга се одржа познатата литија со моштите на Св. Ѓорѓи


Традиционално во Струга се одржа познатата литија со моштите на Св. Ѓорѓи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Стружани и денес во голем број беа дел од поворката на традционалната струшка Ѓурѓовденска Литија, која е најголема и една од ретките од ваков вид на Балканот, со која стружани го одбележуваат чествувањето на празникот Свети Ѓорѓи. Автор: Мики Трајковски

Традиционално во Струга се одржа познатата литија со моштите на Св. Ѓорѓи

Стружани и денес во голем број беа дел од поворката на традционалната струшка Ѓурѓовденска Литија, која е најголема и една од ретките од ваков вид на Балканот, со која стружани го одбележуваат чествувањето на празникот Свети Ѓорѓи. Станува збор за специфичен настан, пепознатлив по многу свои карактеристики и масовност.

Посебна карактеристика дава коњаникот, кој има улога на редар и најавувач на процесијата. Облечен во римска трибунска воена облека изработена од автентични материјали, копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, тој во раката држеше палмова гранка како симбол на мирот. Беа присутни и носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти, оркестарот на град Скопје, чудотворните икони на Свети Ѓорѓи Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска како и самите мошти на Свети Ѓорѓи.

Четворица граѓани за време на поворката ги носат моштите на Светиот Победоносец Ѓорѓи кои се придружувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир, облечени во раскошна традиционална мијачка носија.

Автор: Мики Трајковски

XS
SM
MD
LG