Линкови за пристапност

Интервју со Каја Шукова, министерка за животна средина


Интервју со Каја Шукова, министерка за животна средина
please wait

No media source currently available

0:00 0:16:13 0:00

Се лажеме ако велиме дека можеме во година, две или три да го намалиме загадувањето на воздухот за 30, 40 или 50 отсто. Тоа не го направила ниту една метропола, во големината, да речеме, на град Скопје. Така вели министерката за животна средина, Каја Шукова во интервју за Гласот на Америка

Се лажеме ако велиме дека можеме во година, две или три да го намалиме загадувањето на воздухот за 30, 40 или 50 отсто. Тоа не го направила ниту една метропола, во големината, да речеме, на град Скопје. Знам дека на никого не му се допаѓа оваа констатација или одговор, но треба време за исполнување на мерките за кои се потребни многу човечки и финансиски ресурси.

Тоа е констатацијата на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова со која разговаравме на повеќе теми. За пречистителната станица на отпадни води во Скопје рече дека изградбата би почнала годинава.

Шукова додаде и дека противењето на Свети Николе за изградба на регионална централна депонија, како што рече, го решиле со одземање на ингеренциите на општината.

Разговаравме и за националните паркови, при што категорично истакна дека повеќе нема да се издаваат дозволи за изградба на мали хидроцентрали на Шар Планина, како и дека ќе нема продолжување на роковите за тие што не почнале со градба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG