Со традиционалното садење на дрво во паркот на поезијата во Струга, вчера во чест на годинешниот добитник на највисокото признание „Златен венец“, јапонскиот поет, 91 годишниот Шунтаро Таникава, почнаа 61-те по ред Струшки вечери на поезијата. Поради неговата старост, тој не е присутен во Струга. Во негово име, наградата ќе ја прими неговиот син, јапонскиот композитор и пијанист Кенсаку Таникава. Официјалното отварање беше вчера вечер со музичко-поетски перформанс на антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, во изведба на бендот „Пијан Славеј“ и со традиционалното палење на поетскиот оган, а се одржа и манифестацијата „Мередијани“, каде поетите читаа дел од својата поезија. Во Струга се присутни поети од 24 држави, како и триесеттина домашни поети. Манифестацијата, која ќе трае до 29 август, се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.
Струшки вечери на поезијата - 61-во издание
Епизоди
-
септември 17, 2024
Бугарското МНР во одбрана на својот амбасадор во Скопје
-
септември 17, 2024
Музичките касети се враќаат во САД
-
септември 17, 2024
Турција забрзано ја засилува и модернизира морнарицата
-
септември 17, 2024
Русија се мачи да најде купувачи за природниот гас од Акртикот
-
септември 16, 2024
Протесна нота за бугарскиот амбасадор