Градоначалникот на опколениот Мариупол изјави дека 100.000 луѓе останале во градот, додека украинските власти го чекаат доаѓањето на првата група кои можеле да ја напуштат фабриката за челик.
Градоначалникот Вадим Бојченко рече дека меѓу оние кои сè уште се во градот има и цивили заробени во бункерите и тунелите под железничката и челичната фабрика Азовстал.
Се проценува дека таму има околу 2.000 украински војници.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека само цивилите досега можеле да ја напуштат централата и дека владата во Киев продолжува да преговара за евакуација на војниците внатре. Евакуираните цивили се упатија кон Запорожје, оддалечена околу 200 километри, иако беше објавено дека нивниот напредок е бавен. Руската војска во соопшти дека 69 лица кои излегле од фабриката за челик избрале да бидат евакуирани на териториите под контрола на Украина, додека 57-мина, побарале да останат во областите контролирани од Русија.
Денеска се очекува Европската унија да предложи нов пакет санкции за Русија, вклучувајќи ограничувања за руската нафта. Германските власти во посочија дека земјата може да поддржи целосно ембарго на руската нафта од ЕУ.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање во понеделникот навечер рече: „Очекуваме нов чекор од Европската унија Овој пакет треба да вклучува јасни мерки за блокирање на приходите на Русија од енергетските ресурси“.
Според најавите, американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети сојузната држава Алабама каде што Локхид Мартин произведува оружје, вклучувајќи ги и противтенковските проектили Џавелин, кои се меѓу оружјето што САД и го испраќаат на Украина.
Белата куќа соопшти дека Бајден, исто така, ќе го нагласи неговото барање до Конгресот брзо да го усвои финансирањето за да и помогне на Украина да продолжи да се бори против руската агресија.
ЦИА во понеделникот објави упатства по социјалните мрежи, објаснувајќи како Русите незадоволни од војната би можеле да стапат во контакт со американското разузнавање.