Линкови за пристапност

Бајден побара 33 милијарди долари помош за Украина


Во соопштението на Белата куќа се вели дека мерките „ќе го зголемат овластувањето на владата на САД да бара одговорност од руската влада и руските олигарси за војната на претседателот Путин против Украина“.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека мерките „ќе го зголемат овластувањето на владата на САД да бара одговорност од руската влада и руските олигарси за војната на претседателот Путин против Украина“.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри уште 33 милијарди долари помош за Украина за борбата против руската деструктивна инвазија во следните пет месеци од војната.

Непосредно пред Бајден да го претстави планот во телевизиско обраќање, Белата куќа соопшти дека новите трошоци ќе вклучуваат повеќе од 20 милијарди долари ново вооружување и воена помош, 8,5 милијарди долари економска помош и 3 милијарди долари за хуманитарна помош за земјата разурната од војната.

Новиот вкупен износ е повеќе од двапати од бројката од 13,6 милијарди долари што Конгресот веќе ја одобри, вкупен износ што сега главно е исцрпен со испораките на оружје за Украина во последните недели.

Новиот предлог, исто така, вклучува поблиска соработка со меѓународните партнери за „обновување на средствата поврзани со странска корупција“ и за продолжување на времето за следење на гонење за перење пари од пет на 10 години. Во соопштението на Белата куќа се вели дека мерките „ќе го зголемат овластувањето на владата на САД да бара одговорност од руската влада и руските олигарси за војната на претседателот Путин против Украина“.

Додека Русија започна со нови напади врз источна Украина, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го посети главниот град Киев и блиските предградија оставени во урнатини од нападите на Москва.

XS
SM
MD
LG