Линкови за пристапност

Американски дипломати ќе почнат да патуваат во Украина во наредните недели


Амбасадата на САД беше затворена речиси две недели пред Русија да ја нападне Украина на 24. февруари
Амбасадата на САД беше затворена речиси две недели пред Русија да ја нападне Украина на 24. февруари

Американската дипломатка Кристина Квин денес изјави дека САД би можеле повторно да ја отворат амбасадата во Киев наскоро.

За време на прес-конференција во Киев, таа рече дека САД сè уште ќе чекаат потврда од безбедносните професионалци пред какво било повторно отворање.

„Кога ќе ни кажат дека можеме да се вратиме, ќе се вратиме“, рече таа.

Квин рече дека американските дипломати ќе започнат со еднодневни патувања во главниот град на Украина следните неколку недели.

„Возбудени сме што се вративме и ќе продолжиме со нашите напори да направиме се` што е можно овде на терен за да ѝ помогнеме на Украина да победи во оваа војна“, рече таа и додаде:

„Би кажала дека пораката до Русија е „Не успеавте“. Украина сè уште стои“.

Амбасадата на САД беше затворена речиси две недели пред Русија да ја нападне Украина на 24. февруари. Во неделата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека некои американски дипломати ќе почнат со посети на Лавов во западниот дел на земјата.

Веста за обновување на дипломатските активности на САД во Украина доаѓа по неколку патувања во земјата од страна на високи американски официјални претставници, вклучително и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG