Линкови за пристапност

САД ја поддржуваат Полска во барањата за повеќе санкции за Русија, рече Пелоси


Спикерката на Претставничкиот дом и делегација од Конгресот денес се сретнаа со полскиот претседател со кого разговараа за поголема помош за Украина
Спикерката на Претставничкиот дом и делегација од Конгресот денес се сретнаа со полскиот претседател со кого разговараа за поголема помош за Украина

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и делегација од конгресмени се сретнаа денес со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Дуда рече дека е благодарен што ја пречекува делегацијата и што може да разговара со нив за ситуацијата во Украина и како да ѝ се помогне на земјата во војната со Русија.

Посетата на претседателската палата во Варшава дојде два дена откако Пелоси и нејзината делегација во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Пелоси и делегацијата положија венец на гробот на непознат војник во Варшава. По церемонијата, таа за Гласот на Америка изјави дека САД го поддржуваат притисокот од Полска за воведување повеќе санкции кон Русија и запленување на имотот на Москва во Европската Унија.

Пелоси е највисокиот американски законодавец што ја посетил Украина од почетокот на војната во Русија пред повеќе од два месеца.

Само неколку дена претходно, Русија го бомбардираше главниот град на Украина додека таму беше генерален секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

XS
SM
MD
LG