Линеарно зголемување на платите за 2.806 денари на сите вработени и тоа уште од утре и потпишување општ колективен договор со кој работниците ќе може да ги уживаат сите права кои им следуваат со закон. На работодавачите им беше испратена јасна порака, или ќе се повлече преставката пред уставниот суд со која се оспорува недела како неработен ден или ќе се соочат со штрајк.
Ова се барањата испратени од првомајскиот протест на работниците што се одржа денеска во Скопје, под мотото „Се’ да застане, за работникот да опстане“.