Линкови за пристапност

Има знаци оти руските сили почнаа да се движат кон источна Украина, рече Пентагон


Сигурно можеме да кажеме дека веројатно вртиме друга страница во истата книга на руската бруталност, рече тој
Сигурно можеме да кажеме дека веројатно вртиме друга страница во истата книга на руската бруталност, рече тој

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби денес потврди дека САД виделе индиции оти руските сили кои се повлекоа од северна Украина во Русија и Белорусија, сега почнале да се движат во источна Украина.

Тој рече дека САД се претпазливи откако Русија го назначила генералот Александeр Дворников да ја надгледува инвазијата на Украина, велејќи дека Дјомиков и другите руски команданти во минатото покажале „целосно непочитување“ на законите на војната.

„Сигурно можеме да кажеме дека веројатно вртиме друга страница во истата книга на руската бруталност“, рече тој.

Властите во четирите руски региони кои граничат со Украина и во Крим, кој е под руска контрола, објавија дека ги зајакнуваат безбедносните мерки поради, како што велат, „можните провокации“ од украинска страна, објави Ројтерс.

Властите во регионите Белгород, Воронеж, Брјанск и Краснодар и во Крим рекоа дека ја зајакнуваат безбедноста и ги повикаа граѓаните да бидат повнимателни. Друг регион што се граничи со Украина, Курск, беше првиот што објави слични мерки вчера.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските трупи „ќе се префрлат на уште поголеми операции“ во источна Украина, истовремено велејќи дека неговите сили ќе бидат подготвени и „ќе одговорат“.

Говорејќи во видеообраќање доцна вчера, Зеленски рече дека деновите што претстојат ќе бидат клучни.

XS
SM
MD
LG