Линкови за пристапност

Русите трошат двојно повеќе на храна отколку пред војната, велат Обединетите нации


Според анкета на Ројтерс, руската економија се намалила за 7,3 проценти во 2022 година
Според анкета на Ројтерс, руската економија се намалила за 7,3 проценти во 2022 година

Руските граѓани во просек трошат 40 отсто од расположливиот приход на храна, околу двојно повеќе отколку пред руско-украинската војна, изјави за Ројтерс директорот на Канцеларијата за врски на агенцијата за храна на Русија при Обединетите нации.

Податоците на руската влада покажуваат дека годишната инфлација на храната достигнала 18,75 отсто на први април, додека економијата се соочува со последиците од западните санкции наметнати на Москва по нејзината инвазија на Украина на 24. февруари.

Олег Кобијаков од Организацијата на ОН за храна и земјоделство, рече дека многу руски домаќинствата сега бараат стратегии за справување со кризата, бидејќи голем дел од нивниот приход оди кон основни потреби како храна.

„Луѓето ги одложуваат плановите како одење на факултет или купување куќа. Тие штедат во случај да ја изгубат работата, во случај на смрт“, рече тој.

Просечното домаќинство во Европската Унија троши околу 12 отсто од својот приход на храна, вели тој, додавајќи дека посиромашните домаќинства во Русија ќе се соочат со зголемено ниво на несигурност на храна.

Западните санкции кон Русија ја затворија нејзината економија од поголемиот дел од глобалната трговија, ја блокираа од делови од глобалниот финансиски систем и натера многумина да ги прекинат врските со земјата.

Откако почна војната многу Руси се во паника кога купуваат основни производи, како шеќер и леќа, поради страв дека цените треба дополнително да растат, зголемувајќи го притисокот врз владата да ја намали инфлацијата.

Москва размислува да ги регулира цените на храната, лековите и други производи, и привремено забрани извоз на некои земјоделски производи.

Иако мерките имаат одредено влијание во ограничување на потрошувачката инфлација, сепак се очекува таа да дојде до 23,7 проценти оваа година, што е највисоко од 1999 година, според анкетата на Ројтерс.

Анкетата, исто така, покажа дека руската економија се намалила за 7,3 проценти во 2022 година.

Кобијаков рече дека руските плати останале приближно исти по војната, но со растот на цените, куповната моќ е еродирана и луѓето се загрижени за безбедноста на работата, како што многу западни фирми се повлекуваат од земјата.

Москва своите акции во Украина ги нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација на земјата.

XS
SM
MD
LG