Линкови за пристапност

Руската медиумска кампања лажно тврди дека мртвите тела на улиците во Буча се лажни


Додека се појавуваат ужасни видеа и фотографии од тела од киевското предградие Буча, медиумите поддржани од Кремљ ги осудуваат како разработена измама, објави Асошиетед прес.

Осудувањето на вестите како лажни или ширењето лажни извештаи за да се направи конфузија и да се поткопаат нејзините противници се тактики што Москва ги користи со години и ги усоврши со појавата на социјалните медиуми на места како Сирија.

Во деталните преноси до милиони гледачи, дописниците и водителите на руските државни ТВ канали вчера рекоа дека некои фото и видеодокази за убиствата се лажни, додека други покажуваат дека Украинците се одговорни за крвопролевањето.

„Меѓу првите што се појавија беа овие украински снимки, кои покажуваат како бездушно тело одеднаш ја движи раката. И во ретровизорот е забележливо дека мртвите се чини дека почнуваат да се креваат“, се вели во извештајот од понеделникот на вечерниот вести на Русија-1.

Но, сателитски снимки од почетокот на март покажуваат дека мртвите биле оставени на улиците на Буча со недели.

На 2. април, видео снимено од автомобил во движење беше објавено на Интернет од украински адвокат, на кое се прикажани истите тела расфрлани по улицата Јаблонска во Буча.

Сателитски снимки со висока резолуција на Буча од комерцијалниот провајдер „Maxar Technology“ прегледани од Асошиетед прес се совпаѓаат со локацијата на телата со посебни видеа од местото на настанот.

Слични извештаи имаа и други западни медиуми. Во текот на викендов, новинарите на АП видоа тела на десетици луѓе во Буча, многу од нив убиени од непосредна близина, а некои со врзани раце зад нив.

Најмалку 13 тела биле лоцирани во и околу зградата за која жителите велат дека била користена како база за руските војници пред да се повлечат минатата недела.

Сепак, руските официјални лица и државните медиуми продолжија да го промовираат својот наратив, повторувајќи го во весниците и на радио и телевизија.

Топ сторија на веб-страницата на популарниот провладин весник „Комсомолскаја Правда“, ги прикажа масовните убиства на Украина преку текст кој тврди дека „уште еден непобитен доказ дека геноцидот во Буча бил извршен од украинските сили“.

Колумна објавена вчера од државната новинска агенција РИА Новости претпоставува дека убиствата во Буча биле трик за Западот да воведе построги санкции кон Русија.

Аналитичарите забележуваат дека не е првпат во својата шестнеделна инвазија на Украина, Кремљ да користи таква стратегија за информациско војување за да негира какво било неправилно дело и да шири дезинформации во координирана кампања низ целиот свет.

Пред војната, Русија ги негираше извештаите на американските разузнавачки служби кои ги детализираа нејзините планови за напад на Украина.

Минатиот месец, руските власти се обидоа да ги дискредитираат фотографиите и известувањата на АП за последиците од бомбардирањето на породилиште во украинскиот пристанишен град Мариупол, во кој загинаа една бремена жена и нејзиното неродено дете.

Фотографиите и видеото од Буча предизвикаа нов бран на глобална осуда и одбивност. По ова видео, вчера пред Советот за безбедност на ОН украинскиот претседател Володимир Зеленски ги наброја убиствата во Буча од страна на руските војници и прикажа графичко видео од јагленосани и распаднати тела таму и во други градови.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија ги отфрли како инсценирани. Низ социјалните мрежи, повеќе од десетина официјални руски профили на Твитер и Телеграм, како и медиумските страници на Фејсбук поддржани од државата, го повторија ставот на Кремљ дека сликите и видеото од мртвите се исценирани или измама.

Тврдењата беа изнесени на англиски, шпански и арапски на профили што ги водат руски официјални лица или од вестите „Спутник“ и „РТ“ поддржани од Русија.

Сателитските снимки на „Maxar Technologies“ додека руските трупи ја окупираат Буча на 18. и 19. март потврдуваат тела на улиците, прикажувајќи најмалку пет тела на еден пат.

Некои социјални медиуми се обидоа да ја ограничат пропагандата и дезинформациите од Кремљ. Гугл ги блокираше сметките на РТ, додека во Европа, РТ и Спутник беа забранети од технолошката компанија Мета, која исто така престана да ги промовира или засилува руските државни медиумски страници на своите платформи, кои вклучуваат Фејсбук и Инстаграм.

Русија најде начини да ја избегне репресијата со објави на различни јазици преку десетици официјални руски профили на социјалните мрежи.

„Тоа е прилично голем апарат за пораки што Русија го контролира, без разлика дали станува збор за официјални профили на амбасади, или антизападни влијателни лица. Тие имаат многу начини да ги заобиколат забраните на платформата“, рече Брет Шафер, кој го предводи тимот за манипулација со информации во непрофитната организација Алијанса за обезбедување демократија во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG