Линкови за пристапност

Русија суспендирана од Советот за човекови права на ОН


Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права за време на седницата во Њујорк, објави Би-Би-Си.

Ваквиот потег следи по наводите за воени злосторства на војниците на Кремљ во Украина.

Пред да се гласа, украинскиот амбасадор во ОН Сергиј Кислица ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби, покренувајќи го прашањето за наводните убиства на цивили во градот Буча.

Претставникот на Русија Генадиј Кузмин го осуди гласањето, а други нации, вклучително и Северна Кореја и Сирија, застанаа зад него.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба одговори на веста дека Русија е суспендирана од Советот за човекови права на ОН.

Кулеба рече „воените злосторници немаат место во телата на ОН насочени кон заштита на човековите права. Благодарност до сите земји-членки кои ја поддржаа релевантната резолуција на УНГА и ја избраа вистинската страна на историјата“.

XS
SM
MD
LG