Линкови за пристапност

Русија протера 45 вработени во Полската амбасада и конзулат


Русија прогласи 45 вработени во Полската амбасада и конзулат за „персона нон грата“ како одмазда за протерувањето на 45 руски дипломати од Полска од страна на Варшава, соопшти денес Руското министерство за надворешни работи, објави Ројтерс.

Полска во март рече дека 45-те руски дипломати се осомничени дека работеле за Руското разузнавање.

Според УНХЦР, Полска од почетокот на војната прими повеќе од 2,5 милиони бегалци од Украина.

XS
SM
MD
LG