Линкови за пристапност

Купер: Иако ја менува реториката, на терен и натаму гледаме разорна тактика на Кремљ против цивилно население во Украина


Лора Купер
Лора Купер

„Русија и натаму е жестока во нападите врз Украина и покрај преговорите и ветувањата дека ќе ја намали воената активност во близина на Киев, според процената на Пентагон“, изјави заменик-помошникот секретар за одбрана на САД Лора Купер во интервју за српската редакција на Гласот на Америка.

Таа вели дека Москва ги менува реторичките столбови на првичната цел, тврдејќи дека се стреми кон цел што се разликува од она што навистина беше нејзината првична стратегија, а тоа беше соборување на владата во Киев.

Но, на терен сè уште ја гледате Русија како ја применува истата разорна тактика против цивилното население, вели Купер и додава дека руската војска продолжува да цели врз цивилното население. „Ако погледнете што се случува во Мариупол, во моментов, каде храбриот украински народ го издржува разорниот притисок од руските напади. Бидејќи очигледно, Москва е насочена кон цивилното население, ова е тактика што Русија продолжува да ја спроведува “, вели Купер.

Во интервјуто за Гласот на Америка, Купер вели дека целта на Русија првично беше да ја смени демократски избраната влада во Киев.

„Го знаеме ова затоа што имавме разузнавачки информации. Всушност, го споделивме тоа со целиот свет додека го откривавме. Речиси може да се каже дека светот знаеше повеќе за плановите на Русија и за мотивациите на Русија отколку што знаеја руските војници“, изјави Купер.

Запрашана со оглед дека САД значително ја зголемија воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија, дали таа помош стигнува до Украина, дали прави разлика на теренот - Купер изјави дека секој ден се видливи резултатите од „нашата поддршка на украинските вооружени сили“. „Ние, ги обучуваме веќе многу години. Ги гледаме резултатите на теренот. Мислам дека многумина мислеа дека руското оружје е многу моќно и може многу да издржи. Но, она што гледаме е дека американскиот систем за против-воздушна одбрана и другите против-тенковски системи против оклопни системи се покажуваат како многу поразителни за руските сили на военото поле. Украина достави до САД нова листа на оружје што би сакале да им биде испорачана. “, изјави Купер.

Кои се опциите на Пентагон?

„Економските санкции се многу важни во отпорот кон Путин“, вели Купер. Таа додава дека од пораките од Путин и неговиот близок круг соработници се гледа дека дури сега почнува да се гледа ефектот од санкциите, а ќе има уште поголем ефект од економските санкции по извозните ограничувања. Таа смета дека треба да се одржи и продолжи со зголемување на притисокот врз руската економија.

Мариупол, Украина
Мариупол, Украина

Заменик-помошник секретар за одбрана на САД Лора Купер во интервју за Гласот на Америка нагласува дека „веќе гледаме дека кај населението во Русија, санкциите стануваат се позабележителни. „Мислам дека другото нешто што е важно да се знае се неуспесите на Русија на бојното поле, за кои сведочи целиот свет, но не се нужно очигледни во Русија поради контролата на медиумите во таа земја. Потребно е многу повеќе време за да се прошири веста за катастрофалните жртви и за степенот до кој планот на Путин за инвазија врз Украина не е успешен“.

Мислам дека бевме многу јасни дека не бараме конфликт меѓу САД и Русија или меѓу НАТО и Русија.
Купер, Пентагон

„Мислам дека бевме многу јасни дека не бараме конфликт меѓу САД и Русија или меѓу НАТО и Русија. И така, тоа е она што ја нагласува нашата загриженост за каква било операција што би не ставила во тој директен конфликт“, рече Купер.

Запрашана дали спомнувањето на можноста за био-хемиски напад, на пример, ќе ги натера САД да ја преиспитат позицијата, таа одговори дека сето тоа се напади на кои „би одговориле и би ги третирале како најсериозни закани“.

Уништен мост во близина на Киев.
Уништен мост во близина на Киев.

На заклучокот дека водачите на ЕУ веќе изразија загриженост за евентуално прелевање на конфликтот во други региони, вклучително и Западен Балкан, Купер оцени дека „САД, секогаш ја следат безбедноста на Западен Балкан и многу се посветени кон сојузнички односи на Балканот, при што изрази надеж дека „сакаме да се одржуваат силни партнерства низ целиот регион за да се приклучи во тоа и Србија, и Босна Херцеговина“.

Според неа, очигледно дека во минатото Русија се обидувала да се меша во регионот обидувајќи се да поттикне тензиите. „Мислам дека гледаме дека тоа продолжува до ден-денес“, рече вишата функционерка во Пентагон. „Навистина сум задоволна за степенот за кој не само САД посветуваат внимание кон регионот. Мислам дека нашите партнери од ЕУ исто така беа многу посветени за стабилноста. И јас би го посочила неодамнешното зголемување на силите во операцијата „Алтија“ како многу позитивен знак. Сите работат заедно за да се обезбеди стабилност“, изјави Купер во интервјуто за српската редакција на Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG