Линкови за пристапност

ОН: Војната во Украина ќе доведе до најголемата криза за храна од Втората светска војна


Шефот на агенцијата за храна на Обединетите нации вели дека руската инвазија на Украина може да доведе до најтешката глобална криза со храна од Втората светска војна.

Дејвид Бисли, шефот на Светската програма за храна, изјави пред Советот за безбедност на ОН во вторникот дека дека 50 отсто од житото што се купува за да нахранат 125 милиони луѓе ширум светот доаѓа од Украина и предупреди дека ќе мора да започне со намалување на оброците во областите зафатени од војна, како Јемен, кој веќе храната ја има намалено на половина поради зголемените трошоци за храна, гориво и превоз.

Бисли рече дека Украина и Русија заедно произведуваат 30 отсто од светската понуда на пченица, 20 отсто од нејзината пченка и помеѓу 75-90 отсто од маслото од сончогледово семе. Само Египет и Либан добиваат нешто повеќе од 80 отсто од резервите на жито од Украина.

Бисли му рече на Советот за безбедност дека војната ги принудила земјоделците во Украина да бидат во првите линии на војната наместо да се грижат за нивните посеви за време на сезоната на садење. Тој, исто така, рече дека земјоделците во Украина се соочуваат со недостиг на производи од ѓубрива од Белорусија и Русија, што може да ја намали жетвата на Украина за 50 проценти.

Тој рече дека војната ќе создаде „катастрофа над катастрофите“ доколку продолжи, бидејќи ќе доведе до глад, дестабилизација на земјите и масовни миграции. Тој рече дека „последната работа што сакаме да ја направиме како Светска програма за храна е да земеме храна од гладните деца за да им ја дадеме на гладните деца“.

Американскиот заменик-државен секретар Венди Шерман го обвини директно на рускиот претседател Владимир Путин. Таа рече дека руските сили бомбардирале најмалку три цивилни бродови кои превезувале стока од пристаништата на Црното Море и ја обвини руската морнарица дека го блокирала пристапот до украинските пристаништа за да го прекине извозот на жито.

Но, Василиј Небензија, претставник на Русија во светската организација, ги обвини зголемените цени на храната од „хистерични санкции“ наметнати на неговата земја од САД и другите западни земји. Небензија рече дека руската морнарица воспоставила хуманитарен коридор за да им дозволи на бродовите да ги напуштат украинските пристаништа.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс, агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG