Линкови за пристапност

Светското наследство во опасност поради војната во Украина, соопшти агенцијата за култура на ОН


Париз, (Ројтерс) - УНЕСКО минатиот месец соопшти дека ги зајакнала заштитните мерки за Украина и загрозеното културно наследство по руската инвазија, како што е употребата на „Син штит“ околу означување на нејзините културни места и споменици.

„Наследството на човештвото е во опасност во Украина“, изјавија од канцеларијата за култура на УНЕСКО.

Првата прелиминарна листа на УНЕСКО вклучува оштетени локалитети од кои 29 религиозни локалитети, 16 историски згради, четири музеи и четири споменици, се вели во извештајот.

Шефот на УНЕСКО му пиша на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на март да го потсети дека Русија е потписник на конвенцијата за заштита на културното наследство во време на војна, соопшти агенцијата.

Откако првично рече дека Москва не одговорила, УНЕСКО подоцна соопшти дека добила одговор, во кој Русија вели дека е свесна за своите обврски и дека е „посветена“ на исполнувањето на тие обврски.

На разговорите оваа недела, Москва, која своите акции во Украина ги нарекува „специјална операција“ за демилитаризација на земјата, рече дека ќе ги намали офанзивите во близина на Киев главниот град и градот Чернихив за градење доверба.

Киев и неговите сојузници велат дека Русија ги повлекува војниците од тие области, не како добра волја и гест, туку да се прегрупираат, бидејќи претрпеа големи загуби.

XS
SM
MD
LG