Линкови за пристапност

Бајден разговараше со Зеленски: САД планираат да ѝ дадат на украинската влада директна буџетска помош од 500 милиони долари


Разговор Бајден - Зеленски
Разговор Бајден - Зеленски

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше попладнево со неговиот украински колега, Володимир Зеленски.

„Лидерите разговараа за тоа како САД работат деноноќно за да ги исполнат главните барања за безбедносна помош од страна на Украина, клучните ефекти кои оружјето ги има врз конфликтот и континуираните напори на САД со сојузниците и партнерите да идентификуваат дополнителни области за ѝ се помогне на украинската војска да ја одбрани својата земја“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Претседателот Бајден го информираше претседателот Зеленски дека САД имаат намера да ѝ дадат на украинската влада директна буџетска помош од 500 милиони долари“, додаде Белата куќа, истакнувајќи дека украинскиот лидер го информирал Бајден за статусот на преговорите.

Повикот и очигледниот ќорсокак во мировните разговори доаѓаат кога ново де класифицираните разузнавачки информации сугерираат дека повеќе од едномесечната инвазија на Русија на Украина предизвикува несогласувања меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговите високи воени советници.

„Сега постои постојана тензија меѓу Путин и руското Министерството за одбрана“, потврди во средата официјален претставник на САД за Гласот на Америка, кој сакаше да остане анонимен.

„Неговите високи советници премногу се плашат да му ја кажат вистината“, рече функционерот, истакнувајќи дека разузнавачките податоци покажуваат дека помошниците на Путин погрешно го информирале за напредокот на руските трупи, како и за влијанието на санкциите врз руската економија.

XS
SM
MD
LG