Линкови за пристапност

Русија соопшти дека ќе ги намали операциите околу главниот град Киев


Руската армија соопшти дека ќе ги намали операциите околу главниот град Киев и градот Чернихив.

Заменик-министерот за одбрана на Русија Александар Фомин рече дека овој потег има за цел да ја „зголеми довербата“ во разговорите за ставање крај на борбите. Напредокот на руските сили неодамна е запрен поради жестокото противење на украинските борци.

Исто така денеска, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека руските сили ќе се фокусираат на Донбас, кој ги вклучува отцепените региони Луганск и Доњецк. Тој рече дека Москва во голема мера ја постигнала првата фаза од својата „специјална воена операција“, вклучително и деградирање на воениот капацитет на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи источните украински региони Луганск и Доњецк како независни држави само неколку дена пред да ја започне инвазијата на 24-ти февруари.

Во Истанбул, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им рече на украинските и руските преговарачи пред почетокот на разговорите дека на двете страни е да постигнат конкретен договор и „да се запре оваа трагедија“.

Помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека двете страни разговарале за условите за можен прекин на огнот за време на разговорите во вторникот, плус меѓународните безбедносни гаранции за Украина.

Се очекува преговорите да продолжат во среда.

XS
SM
MD
LG