Линкови за пристапност

Украина конечно ги ротираше работниците во Чернобил


Украина ѝ соопштила на Меѓународната агенција за атомска енергија дека околу половина од персоналот вчера можел да се врати дома
Украина ѝ соопштила на Меѓународната агенција за атомска енергија дека околу половина од персоналот вчера можел да се врати дома

(АФП) - Украина успеа да го ротира персоналот што работи во нуклеарната централа Чернобил првпат откако Русија ја зазеде минатиот месец, соопшти нуклеарната агенција на Обединетите нации (ОН).

Украина ѝ соопштила на Меѓународната агенција за атомска енергија дека околу половина од персоналот вчера „конечно“ можел да се врати дома, откако работеле под руска контрола речиси четири недели, изјави генералниот директор Рафаел Гроси.

Оние кои заминаа беа заменети со друг украински персонал, рече Гроси доцна вчера.

„Тоа е позитивен, иако долго задоцнет, развој што некои вработени во Чернобил сега се ротирашаа и се вратија кај нивните семејства“, рече Гроси, и додаде:

„Тие ја заслужуваат нашата целосна почит и восхит што работеа во овие екстремно тешки околности. Тие беа таму премногу долго. Искрено се надевам дека персоналот од оваа смена, исто така, ќе може да ротира наскоро“.

На 24. февруари, денот кога Русија ја нападна Украина, московските трупи го зазедоа Чернобил, каде во 1986 година беше предизвикана најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

Околу 100 техничари работат под вооружена стража за одржување на централата оттогаш.

XS
SM
MD
LG