Линкови за пристапност

Егзодусот во Украина може да стане најголемата бегалска криза на векот


Ukraine Refugees Crisis
Ukraine Refugees Crisis

Поради гранатирање и напади од руската инвазија, повеќе од 3 милиони луѓе ја напуштија Украина од 16-ти март.

Со ова темпо, предупредуваат претставниците на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), егзодусот би можел да ја надмине сириската криза во 2015-та година.

Броевите се веројатно повисоки поради доцнењето на пребројувањето во некои земји.

Околу 60 отсто од украинските бегалци, или повеќе од 1,8 милиони луѓе заминаа во Полска. Други заминаа во Унгарија, Молдавија, Романија и Белорусија.

Бројот на раселени лица веројатно ќе продолжи да се зголемува за 100.000 до 200.000 дневно, соопштија ОН.

Вооружениот конфликт во Украина првпат започна на почетокот на 2014-та година и брзо премина во ќор-сокак, со тековно гранатирање и престрелки што се случуваат вдолж линијата што ги дели граничните региони под контрола на Русија и Украина на исток.

„Мислам дека клучното нешто што треба да се запамети е дека Украинците живеат со војна веќе осум години. Значи, тие не одговараат на изненадување во моментов. Тие размислуваа за ова. Тие живеат со ниско ниво на постојана состојба на закана веќе осум години“.

Историското движење на луѓето кон запад стана најбрзата миграциска криза во Европа во последните децении.

Егзодусот на Украинците е речиси двојно поголем од бројот на бегалци регистриран од Обединетите нации во првите 11 дена од војната во Косово.

Околу 600.000 жители на Косово станаа бегалци, а уште 400.000 беа раселени во Косово до крајот на април 1999-та година.

УНХЦР рече дека дури 6,5 милиони луѓе на крајот би можеле да ја напуштат Украина.

Оние кои бегаат во соседните земји беа пречекани од владини и добротворни организации за да одговорат на критичните потреби. Но, постои загриженост за луѓето со ограничени можности.

„Луѓето со економска мобилност ќе бидат тие што ќе можат да излезат наскоро, а најсиромашните луѓе ќе бидат оние што ќе останат. Значи, тоа е исто така нешто за размислување кога зборуваме за помош - хуманитарна помош и помош за бегалците. Многу луѓе како постарите и инвалидите но, и луѓе со деца ќе им биде отежнато движењето“.

Експертите за миграција се согласуваат дека најновите бројки на бегалци ги повторуваат претходните миграциски кризи во Европа, како што се 12-те милиони Германци кои беа раселени низ Европа за време на Втората светска војна.

Или кризата од 2015-та година во која повеќе од два милиони луѓе пристигнаа во многу земји на ЕУ, како азиланти или имигранти.

И поради тоа, експертите за миграција велат дека можат да профитираат од научените лекции.

„Го видовме тоа во Шведска, во Германија, а веќе сега во Германија, на пример, гледаме дека протоколите од 2015-та година се повторно активирани за да се справат со приливот на бегалци. Значи, можеме да научиме од лекциите научени од протоколите и стратегиите што ги имавме тогаш и да ги приспособиме на сегашните потреби“.

Без преседан, Европската унија се согласи да ја активира Директивата за привремена заштита.

Тоа значи дека бегалците од Украина добија дозвола за привремен престој во Европската унија најмалку една година, со можност за продолжување за уште две години.

„Тогаш можеме да видиме дали ситуацијата еволуира или дали има потреба од аплицирање за заштита. И, исто така, беше многу важно унијата да покаже поддршка кон Украина и кон ситуацијата во моментов во Украина и тоа да го направи многу брзо. Она што е навистина важно, е тоа дека ова е европски статус. Тоа не е германски статус. Тоа не е грчки статус. Тоа е европски статус. И, исто така, испраќа многу силен сигнал кон Украина“.

XS
SM
MD
LG