Линкови за пристапност

Спасени 130 луѓе од бомбардираниот театар во Мариупол


Сè уште нема информации за повеќе од 1.000 други луѓе за кои се верува дека се засолниле таму кога се случил нападот, рече украинскиот омбудсман за човекови права
Сè уште нема информации за повеќе од 1.000 други луѓе за кои се верува дека се засолниле таму кога се случил нападот, рече украинскиот омбудсман за човекови права

Украинскиот омбудсман за човекови права денес рече дека 130 луѓе досега биле спасени од бомбардиран театар во јужниот пристанишен град на Украина Мариупол, но дека сè уште нема информации за повеќе од 1.000 други луѓе за кои се верува дека се засолниле таму кога се случил нападот.

Народната правобранителка Људмила Денисова рече дека спасувачките активности се во тек, објави Ројтерс.

Украина вели дека театарот бил погоден од силен руски воздушен напад во средата, но Русија негираше дека го бомбардирала театарот или дека цели на цивили.

Украинските и руските официјални лица велат дека постигнале напредок во преговорите за прекин на огнот во војната која трае три недели. Експертите откриваат промена во барањата на Русија бидејќи војната трае многу подолго од планираното.

Но, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека не гледа докази оти Русија е сериозна во дипломатијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржи говор пред јапонскиот Парламент на 23. март, објави денес јапонската јавна телевизија.

Зеленски денес рече дека разговарал со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и оти Украина очекува да биде постигнат напредок во однос на нејзината апликација за пристапување во Европската Унија во наредните месеци.

Рускиот претседател Владимир Путин денес пред собир на преполн фудбалски стадионот ја оправда инвазијата на Украина, ветувајќи им на десетици илјади луѓе кои вееја руски знамиња дека ќе се постигнат сите цели на Кремљ, објави Ројтерс.

„Знаеме што треба да направиме, како да го направиме и по која цена. И апсолутно ќе ги исполниме сите наши планови“, рече Путин на митинготот на стадионот Лужники во Москва.

Тој рече дека војниците кои се борат во, како што Русија ја нарекува нејзината „специјална воена операција“ во Украина, го покажале единството на Русија.

XS
SM
MD
LG