Линкови за пристапност

Апсолутно ќе ги исполниме плановите во Украина, рече Путин на митинг во Москва


Знаеме што треба да направиме, како да го направиме и по која цена, рече рускиот претседател на собир на стадионот Лужники во Москва
Знаеме што треба да направиме, како да го направиме и по која цена, рече рускиот претседател на собир на стадионот Лужники во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин искористи собир пред преполн фудбалски стадионот денес за да ја оправда инвазијата на Украина, ветувајќи им на десетици илјади луѓе кои вееја руски знамиња дека ќе се постигнат сите цели на Кремљ, објави Ројтерс.

„Знаеме што треба да направиме, како да го направиме и по која цена. И апсолутно ќе ги исполниме сите наши планови“, рече Путин на митинготот на стадионот Лужники во Москва.

Тој рече дека војниците кои се борат во, како што Русија ја нарекува нејзината „специјална воена операција“ во Украина, го покажале единството на Русија.

„Рамо до рамо си помагаат, се поддржуваат и кога е потребно се штитат еден со друг од куршуми како браќа. Такво единство одамна сме немале“, рече Путин.

Додека Путин зборуваше, државната телевизија накратко го прекина неговиот говор и прикажа претходно снимени снимки од патриотски песни, но шефот на Кремљ подоцна се појави на државната телевизија.

Новинската агенција РИА го цитираше портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кој рече дека поради технички дефект на серверот државната телевизија ненадејно го прекинала Путин.

Путин вели дека операцијата во Украина била неопходна бидејќи САД ја користеле земја да ѝ се закануваат на Русија, и оти Русија морала да се брани од „геноцидот“ на луѓето што зборуваат руски во Украина.

Украина вели дека се бори за своето постоење и дека тврдењата на Путин за геноцид се бесмислени. Западот рече дека тврдењата оти сака да ја распарчи Русија се фикција.

Бината на која зборуваше Путин беше украсена со пароли „За свет без нацизам“ и „За нашиот претседател“, користејќи „Z“ ознаки што се користат во воената операција во Украина.

XS
SM
MD
LG