Линкови за пристапност

Потпретседателката Харис ги поддржа повиците за меѓународна истрага за воени злосторства за руската инвазија на Украина


Потпретседателката Харис во Варшава
Потпретседателката Харис во Варшава

Потпретседателката на САД Камала Харис ги поддржа повиците на светските лидери за меѓународна истрага за воени злосторства за руската инвазија на Украина и нејзиното бомбардирање на цивили, вклучително и деца и бремени жени во породилиште.

Харис ја повтори потребата од истрага пред средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда во знак на поддршка на САД за сојузниците на НАТО во источна Европа.

Нејзиниот апел уследи еден ден по руски воздушен напад врз породилиште во украинскиот град Мариупол, според украинските власти, во кој загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете.

„Апсолутно треба да има истрага“, рече Харис додека стоеше покрај претседателот Дуда, кој, пак, рече: „Очигледно ни е дека во Украина, Русите вршат воени злосторства“.

Харис, исто така, објави во изјавата за нова американска хуманитарна помош од 53 милиони долари „за поддршка на невините цивили погодени од руската неоправдана инвазија на Украина“.

Пред речиси две недели, САД донираа околу 54 милиони долари помош за медицински материјали, храна, термални ќебиња и друга суштинска хуманитарна помош.

Амнести интернешенел објави дека истрагата што ја спроведе за рускиот воздушен напад на 3 март, во кој наводно загинаа 47 цивили во градот Чернихив, заклучи дека настаните може да претставуваат воено злосторство.

Глобалната група за човекови права рече дека интервјуата и видео-анализата укажуваат на тоа дека неводените воздушни бомби познати како „неми бомби“ биле користени главно за целење врз цивили кои стоеле во редот за храна.

Поврзано

XS
SM
MD
LG