Повеќе од 40 деца ги загубиле животите во двонеделната инвазија на Русија врз Украина, вели украинската амбасадорка во С.Македонија, Наталија Задорожњук, во интервју за Гласот на Америка. Со неа разговаравме за ситуацијата на теренот, за барањата на Украина за помош од ЕУ, САД и светот, како и за преговорите и барањата поставени од руската страна.
Глас на Америка: Почитувана амбасадорке Задорожњук, две недели поминаа од почетокот на руската инвазија врз вашата земја. Каква е состојбата во Украина и украинските градови денес?
Амбасадорката Задорожњук: Целосна војна трае веќе 14 дена. Продолжува геноцидот врз украинскиот народ од страна на руските окупатори.
Руски војници разнесоа детска болница во Мариупол. Градот е под постојано гранатирање од Русија
Веќе три дена по ред тие кажуваат за некои квази-хуманитарни коридори, а потоа истите ги гранатираат од сите страни. Такви градови како Мариупол, Суми, Харкив и други се наоѓаат на раб.
Руски војници разнесоа детска болница во Мариупол. Градот е под постојано гранатирање од Русија. Луѓето се без вода, топлина, струја, гас, жителите топат снег за да се напијат, и палат дрва за огрев.
Шестгодишно девојче почина од дехидрација, варварите не даваат можност да се обезбедат украинските градови ни со вода, ни со храна.
Во Чернигивската област исто продолжуваат борбите. Тешка е ситуацијата во Харков, на југот на Украина, насекаде.
Русите не ни се закануваат само нам, ѝ се закануваат и на цела Европа
Окупаторите ја прекинуваат евакуацијата, не даваат зелени коридори, а ако даваат, се обидуваат да ги насочат луѓето кон Белорусија или Русија.
Тие гранатираат. Извршуваат ноќни воздушни напади. Русите не ни се закануваат само нам, ѝ се закануваат и на цела Европа. Тие ги зазедоа нуклеарните централи на Украина и може да ги уништат тие безбедносни механизми што Украина ги градеше за задржување на радијацијата.
Глас на Америка: Имате ли сознанија за бројот на цивилни жртви во досегашните напади и воени случувања?
Амбасадорката Задорожњук: Тоа е многу тешко да се каже. Всушност, секоја минута во Украина има гранатирање, невозможно е да се зборува за какви било бројки, особено за цивили. Знам дека загинаа повеќе од 40 деца.
Глас на Америка: Што се случува со луѓето што останаа во завојуваните области, каде се засолнети, како преживуваат, има ли храна, вода?
Амбасадорката Задорожњук: Луѓето се наоѓаат во вистинска опасност. Има крајно ужасни случаи на убивање цивили кои протестираат, насилство врз жени, тортура на обични луѓе.
Окупаторите не дозволуваат да се донесе хуманитарна помош за жителите од овие градови, пукаат дури во претставниците на Црвениот крст.
Во 21 век, ужасно е дури и да се замисли такво нешто, а тоа е нашата реалност.
Глас на Америка: Се одржаат средби на преговарачките тимови меѓу Украина и Русија. Дали се разговара и за барањата од Русија - за воена неутралност на Украина, за статусот на Крим, Донецк и Луганск?
Русите треба засекогаш да ја напуштат нашата земја без никакви услови. Но, се разбира, потребни се преговори.
Амбасадорката Задорожњук: Ние знаеме што сакаат, тие сакаат да ја уништат Украина, но ние Украинците тоа нема да го дозволиме. Мојот став е дека Русите треба засекогаш да ја напуштат нашата земја без никакви услови. Но, се разбира, потребни се преговори. Кога има преговори помалку пукаат.
Глас на Америка: НАТО не го затвори небото над Украина, а сè уште стои во место и испраќањето воени авиони што ги побаравте.
- Каква помош барате и очекувате од ЕУ, САД, од светот?
Амбасадорката Задорожњук: Сојузниците ни дадоа многу значајна помош, но таа мора да се зајакнува сè додека не го запреме агресорот.
Глас на Америка: Украинската амбасада упати повик до македонските граѓани да се придружат на меѓународната легија на воени доброволци. Но, во македонските закони е забрането учеството во странски војски.
- Дали амбасадата ќе го повлечете барањето?
Амбасадорката Задорожњук: Не. Тоа не е така. Русија против Украина води реална војна. Таа исто така ја зголеми и инфоративната војна против Украина. Вклучувајќи ја и информацијата во врска со наводното регрутирање на платеници од страна на Амбасадата. Во врска со ова, истакнуваме дека Русија сака да ја уништи Украина, остварува геноцид на украинскиот народ. Во ова време има многу странци кои сакаат да ѝ помогнат на Украина.
Амбасадата не извршувала, не извршува и нема да извршува регрутирање. Амбасадата исклучително пренесува информација за иницијативата на претседателот.
Сите Амбасади на Украина во светот и сите светски медиуми информираа за иницијативата на Претседателот на Украина за создавањето на Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина. Ваква пракса постои во многу земји во светот, вклучувајќи и во Европа. На сите им е позната Француската легија на странците.
Но, Амбасадата не извршувала, не извршува и нема да извршува регрутирање. Амбасадата исклучително пренесува информација за иницијативата на претседателот.
Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија секогаш се придржувала, се придржува и ќе се придржува до законите на Република Северна Македонија.
Глас на Америка: Каков исход очекувате од целата ситуација во која се најде вашата земја?
Амбасадорката Задорожњук: Ќе биде многу тешко, ќе биде многу напорно, но ние ќе победиме, бидејќи вистината и светот се на наша страна.
Facebook Forum