Линкови за пристапност

УНЕСКО најави заштита на културното наследство во Украина по руската инвазија


Организацијата соопшти дека е во контакт со украинските културни професионалци и институции за проценка на ситуацијата
Организацијата соопшти дека е во контакт со украинските културни професионалци и институции за проценка на ситуацијата

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), денес објави извештај, во кој се наведени напорите за заштита на имотот на културата во Украина.

Организацијата соопшти дека е во контакт со украинските културни професионалци и институции и продолжува да ја проценува ситуацијата, по руската инвазија.

„Мораме да го заштитиме културното наследство во Украина, како сведоштво за минатото, но и како катализатор за мир и кохезија за иднината, што меѓународната заедница има должност да го заштити и зачува“, изјави Одри Азуле, генерален директор на УНЕСКО на почетокот на конфликтот.

УНЕСКО вели дека е во контакт со украинските власти за обележување на културните места и споменици со карактеристичниот амблем „Син штит“, согласно Хашката конвенција за заштита на културните добра од 1954 година, во случај на вооружен конфликт со цел да се избегне намерна или случајна штета.

УНЕСКО, заедно со Институтот за обука и истражување на Обединетите нации, исто така, ги анализира сателитските снимки за приоритетни локации, кои се загрозени или веќе погодени, со цел да се процени штетата, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG