Денот на вљубените, независно дали уживате во него или не, според експертите, може да биде добар момент да размислите за славењето на љубовта.
„Мислам дека очекувањата поврзани со Денот на вљубените, од типот вечера за двајца и цвеќиња, може да бидат многу ограничувачки за луѓето. Би било многу покорисно и би ги направило луѓето многу посреќни, доколку овој празник има пошироко значење“ вели Соња Љубомирски, професорка по психологија на Универзитетот на Калифорнија, Риверсајд.
Таа вели дека овој празник е и за оние што одлучиле да немаат партнер.
„Друга причина зошто Денот на вљубените се смета за ограничувачки е бидејќи се поврзува со очекувањата дека можете да бидете среќни само доколку сте во романтична врска“ објаснува таа.
Карен Доналдсон, експертка за говор на телото и доверба, вели дека ова е можност да се помине време со саканите.
„Поминете време со саканите и покажете им колку се важни во вашиот живот. Тоа може да бидат вашите мајка, татко, сестра, брат, пријател, сосед, баба или дедо. Сега повеќе од кога и да било порано може да испратите многу работи. Не мора само цвеќиња, туку и десерт, пакет за спа услуги, се што би сакале“ вели Доналдсон.
Би можело да биде и едноставна честитка што сами ќе ја направите или ќе ја купите во продавница.
Покажувањето љубов е добро за здравјето, вели Доналдсон, особено во година кога светот доживеа голема загуба како последица на пандемијата на коронавирус.
„Кога правиме нешто добро за некој друг всушност доаѓа до лачење на хормоните на среќа, или, конкретно, го стимулира ослободувањето на хормонот окситоцин. Докажано е дека има позитивно влијание врз нашите емоции и расположение. Исто така, ги намалува стресот и анксиозноста“ смета Доналдсон.
Но, ако одлучите дека ќе бидете среќни и сами за Денот на вљубените, и тоа може да биде здрав избор, вели Доналдсон.
„Многу од нас имаме список со работи кои сакаме да ги направиме. Сега е време да го извадиме тој список и да се посветиме на себеси за Денот на вљубените. Дозволете си масажа од два часа. Зависно од правилата за карантин, излезете надвор, или пак, направете бања со свеќички и пена, каква што цела година се подготвувате да направите. Потрошете пари и љубов на себе“ вели Доналдсон.

Facebook Forum