„Музиката ми ја храни душата“, за Гласот на Америка кажа Кирил Трајковски, на одбележувањето на неговите 50 години работа со мандолински оркестри од Свети Николе. Со неговата музика минале генерации, но градот се сеќава на тоа што Трајовски го оставил зад него додека продолжува да твори без знаци на успорување во неговите 74 години. Трајковски е автор и на книга од 10 суити за мандолински оркестри „Под источно небо“, а напишал и богатство од аранжмани и преработки на филмска музика. Зачувал од заборав многу стари македонски песни пренаменети за мандолински оркестри. На концерт деновиве по повод јубилејот на овој голем човек, изведени беа 20-тина негови авторски композиции, со гостите Васил Атанасов, на обоа, Александар Гошев на хорна и оперскиот пејач Ненад Јованов. Кога обични и скромни луѓе даваат без задршка на нивната заедница, сите се чувствуваме побогати. Уживајте:
Епизоди
-
декември 01, 2023
Блинкен до НАТО сојузниците: САД сè уште се посветени на Украина
-
декември 01, 2023
Лекари на обука за трансфузија на крв на украинските војници
Facebook Forum