Линкови за пристапност

Јужна Африка развива програма за вселенски истражувања


Јужна Африка развива програма за вселенски истражувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:17 0:00

Американската астронаутка и уметничка Сиан Проктор е на турнеја низ училиштата во Јужна Африка за да ја нагласи важноста на науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката во образованието. Известува Захир Касим од Јоханесбург. .

Сиан Проктор отсекогаш сонувала да биде астронаутка. Во 2009 година, таа стана финалист за американската вселенска агенција НАСА, астронаутска програма, но не доби работа.

Проктор – професорка по геологија и уметник – никогаш не се откажала од своите вселенски соништа. Во 2021 година, таа била избрана да учествува во првата целосно цивилна орбитална мисија „Inspiration4“ на „SpaceX“. Таа стана првата со Афроамериканско потекло која патролирала со вселенско летало.

„Да биде во вселената со капсула „Space X Dragon“ и да се биде пилот на мисијата е најнаградувачката и инспиративна работа на која некогаш сум можела да помислам. Да можам да кажам дека сум успеала да го направам тоа и обиените девојоки и жени да ме забележат и да знаат дека ако јас го можам, тоа можат да го направат и тие“, вели Проктор.

Таа беше во Јоханесбург, Јужна Африка. Збореше со повеќе од 250 средношколци за важноста на науката, технологијата, инженерството и математиката, кога се занимава со професија во истражување на вселената. Таа вели дека уметноста е исто така клучен предмет за идните астронаути.

„Мораме да ги додадеме уметничките науки бидејќи тоа е креативната страна. Не можете да имате наука без креативност и имагинација, затоа што оттаму доаѓа иновацијата. И така, навистина е важно да ги инспирираме, подготвиме и на крајот да вработиме студенти кои се одлучуваат за овие области“, додава Проктор.

Вселенскиот сектор брзо се шири, но сепак компаниите се соочуваат со предизвици при регрутирање поради големата потреба од вештини во науката, технологијата, инженерството и математиката. Вселенските агенции во САД, Велика Британија и Јужна Африка велат дека имаат недостиг на квалификуван персонал.

Изложеноста на реални модели може да помогне да се реши ова прашање, вели Стив Шерман, раководител на непрофитната организација за едукација „Living Maths“, која помогна да се организира посетата на Проктор.

„Сакаме да знаат колку возбудлива може да биде кариерата ако комуницираат со овие луѓе кои всушност користат математика и наука и технологија во нивните кариери“, вели Шерман.

Многумина во земјата не знаат дека постојат кариери во вселената, вели едукаторот на Националната вселенска агенција на Јужна Африка.

„Немав поим дека Јужна Африка има вселенска агенција. Тие бараа научен едукатор. Така, моментално работам како офицер за ангажман на науката, каде што правиме теренски програми, правиме вселенски лаборатории. Ние, исто така, правиме обука за развој на наставници“, објаснува Нтабисенг Лебака од Јужноафриканската национална вселенска агенција.

Проктор ја однесе својата мисија во Кејп Таун, каде што го споделува своето инспиративно патување за промовирање на науките, технологијата, инженерството, математиката, но и уметничките науки во образованието.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG