Како работи американската Агенција за справување со вонредни состојби. Кога големи катастрофи како урагани и поплави ги погодуваат САД, ФЕМА ги координира големите спасувачки напори што би ги преплавиле локалните власти. Известува Џесика Стоун.
Демократите се мобилизираа за да го заштитат правото на абортус, додека републиканците работат на негово ограничување поради верски и морални причини. Прашањето ги мотивира гласачите да излезат на гласање оваа изборна година. Известува Кетрин Гипсон.
На претседателските избори во САД следниот месец, кандидатката на Партијата на зелените Џил Стајн има поддршка од околу 1%. Но, нејзината кандидатура би можела да има големо влијание врз исходот и да направи разлика во клучните сојузни држави. Известува Максим Адамс.
Од 2015 година, една од најстарите очни клиники во Америка, очната болница Вилс, им помага на ранетите украински војници со тешки повреди на главата или лицето да си го вратат видот. Известува Ирина Соломко.
Американската асоцијација на психијатри вели дека како што се приближуваат изборите, нивото на стрес расте, без оглед на политичката припадност. Постојаниот проток на вести, стресните расправии и загриженоста за иднината на земјата, вршат притисок врз менталното здравје. Известува Максим Адамс.
Во САД, сите очи се вперени во седумте таканаречени одлучувачки држави кои се очекува да го одредат исходот од претседателските избори. Додека некои од нив се променија политички со текот на годините, сојузната држава Невада не се приклонува кон ниту една голема партија. Известува Дора Мекоуар
Вчитај повеќе