Животот на републиканскиот кандидат за потпретседател на САД, Џеј-Ди Венс е типична приказна за „момчето од мал град“. Тој пораснал во Апалачија, посетувал училиште во Ајви Лига и на крајот би можел да биде избран за еден од најмладите потпретседатели во историјата. Известува Каролин Пресути.
Тим Волц беше избран во два мандата за гувернер на државата Минесота пред да стане избор за потпретседател на Камала Харис. Растел во Небраска, каде и се обликувал како личност. Ја посетивме оваа сојузна држава за да дознаеме како тамошното население размислува за Волц. Известува Наташа Мозговаја.
Резултатот од изборите во САД и можните промени во надворешната политика на Вашингтон посебно имаат значење за Американците кои живеат во Украина. Какви се нивните очекувања и стравувања?
Потпретседателката Камала Харис вели дека верува дека САД треба да водат со градење сојузништва за справување со конфликти. Поранешниот претседател Доналд Трамп вели дека неговата проекција на сила и непредвидливост може да ги запре војните пред да започнат. Анализа на Патси Видакусвара.
Американските гласачи на 5 ноември ќе избираат претседател, но и кој ќе го контролира Конгресот на САД. Без оглед која политичка партија ќе го контролира Претставничкиот дом или Сенатот, ќе биде клучна за новиот претседател да ја спроведе замислената агенда. Известува Кетрин Џипсон.
Вчитај повеќе