Линкови за пристапност

Зголемени случаите на стрес во САД како што се наближуваат изборите


Американски граѓани ја користат можноста за предвремено гласање во Чикаго, Илиноис. Октомври, 4, 2024
Американски граѓани ја користат можноста за предвремено гласање во Чикаго, Илиноис. Октомври, 4, 2024

Американската асоцијација на психијатри вели дека како што се приближуваат изборите, нивото на стрес расте, без оглед на политичката припадност. Постојаниот проток на вести, стресните расправии и загриженоста за иднината на земјата, вршат притисок врз менталното здравје. Известува Максим Адамс. 

Претседателските избори на 5 ноември предизвикуваат вознемиреност кај речиси три четвртини од граѓаните, според анкета на Американската асоцијација на психијатри. Некои психолози овој феномен го нарекуваат „изборно стресно пореметување“.

„Политичката клима и дискусиите за изборите станаа многу интензивни и предизвикуваат многу повеќе поделби. И се прашувавме дали ова има влијание врз поединци. И, секако, самопријавеното искуство беше дека, навистина, ова е значаен извор на стрес за многу поединци, а други истражувања исто така открија слични видови резултати“, вели Лин Буфка од Американската асоцијација на психолози.

Психијатри предупредуваат: Стресот расте паралелно со изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Политичкиот стрес влијае на многу аспекти од животот, вели Кевин Смит, професор по политички науки на Универзитетот на Небраска-Линколн.

„Петтина или четвртина од Американците пријавуваат нарушени социјални односи, па дури и проблеми на работа поради политиката“, објаснува Смит.

Петтина или четвртина од Американците пријавуваат нарушени социјални односи, па дури и проблеми на работа поради политиката
Кевин Смит, професор по политички науки од Универзитетот на Небраска

Истражувањето на Смит покажува дека младите луѓе, оние со левичарски ставови, како и оние кои повеќе се вклучени во политиката, се повеќе склони кон изборен стрес.

„Знаеме како да го ублажиме ефектот врз здравјето - не обрнувајте внимание на политиката. Проблемот е што тоа може да биде добро за индивидуалното здравје, но не е добро за јавното здравје“, додава Смит.

Специјалистот за справување со стрес д-р Киран Динтјала, неодамна објави книга наречена „Мантра за мирна политика“ каде што ги споделува своите совети како да се избегне прекумерниот стрес за време на предизборниот период.

„Изборите доаѓаат и си одат. Политичарите доаѓаат и си одат. Тоа би можело да ја промени нивната иднина, можеби 10%, можеби 20%-30%, но во најголем дел нивната иднина, нивната среќа зависи од она што го прават секој ден, од нивното однесување, од нивните емоции“, вели Динтјала.

Но, Буфка вели дека има излез од психолошката малаксаност. Таа вели дека се работи за контрола врз тоа од каде ги добивате вашите информации, а исто така и за правење нешто, било што, наместо да прелистуваат политичките стории.

„Постојаното изложување на негативни информации, негативни слики, негативна реторика, ќе го покрене нашето целокупно негативно чувство и стрес. Значи, имаме одредена контрола таму. Друга работа за која ги охрабруваме луѓето да размислуваат е ангажирање во значајни активности, без разлика дали тоа е поврзано со изборите или со актуелни општествени прашања или проблеми кои се важни за нив“, посочува Буфка.

Американската асоцијација на психијатри нагласува дека е важно да се остане смирен и да се одржуваат социјални односи, бидејќи поминувањето време со саканите, активниот начин на живот и здравата исхрана и спиење може да помогне да се намали анксиозноста во деновите пред изборите.

XS
SM
MD
LG