Администрацијата на Трамп објави меморандум во кој им нуди на вработените во федералната влада финансиски поттик да ги напуштат своите работни места до крајот на септември.
Програмата за оставки е дел од напорите на администрацијата да ја намали федералната работна сила.
Трамп најави нова ера во Америка https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/113906848441608708
Во имаил до многу од 2-те милиони федерални работници се вели дека тие би можеле да останат на државниот платен список до 30 септември, или до крајот на фискалната година на владата, а во меѓувреме може да им се намалат или укинат работните обврски.
Тие вработени, исто така, ќе бидат ослободени од заложбата на Трамп според кој вработените треба да се вратат на работа во нивните канцеларии со полно работно време.
Вработените имаат рок до 6 февруари да ја прифатат понудата и добија упатство да го сторат тоа со е-пошта одговор со зборот - „оставка“.
Потенцијалното влијание на програмата врз услугите на даночните обврзници не е јасно.
„Иако неколку агенции, па дури и гранки на војската веројатно ќе забележат зголемување на нивната работна сила, поголемиот дел од федералните агенции веројатно ќе бидат намалени преку реструктуирање, престројување и намалување на силата“, се вели во меморандумот.
Лицата коишто работат во владините агенции за имиграцијата, националната безбедност и за поштенските услуги не беа дел од понудата.
Во меморандумот, исто така, се вели дека „федералната работна сила треба да се состои од вработени кои се сигурни, лојални, доверливи и кои се стремат кон извонредност во нивната секојдневна работа“.
Синдикатите што ги претставуваат федералните вработени го критикуваа потегот на администрацијата.