Проблеми има во дел од компании во приватниот сектор, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Откажани летови нема но авиокомпанијата „Визер“ ги повика патниците да дојдат на скопскиот аеродром три часа пред летот заради проблеми со онлајн чекирањето на билети.
Ни фалат другарите, ни фалат родителите. Но, не ни фали општеството. Македонија веќе не нуди мирен и нормален живот, вели 41-годишна скопјанка која со сопругот и детето година и пол живее во странство. Според директорот на Државната статистика, годишно од државата заминуваат по 15.000 лица.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака Русија да биде дел од преговорите со Сирија за враќање на милиони бегалци. Повикот на Ердоган следи по бранот протести и немири на Турците кои сакаат нивната влада да престане да ги прима бегалците. Известува Доријан Џонс.
Вчитај повеќе