Антикорупционерите отворија два предмети, за подарениот имот на генералниот секретар во Владата, Игор Јанушев во центарот на Скопје и патувањето на синот на премиерот Мицкоски заедно со владината делегација на самитот на НАТО во САД. Кривична пријава се бара за екс заменикот во МВР, Назиф Буши.
Равенка со повеќе непознати отвори повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка во САД. Неговата можна наследничка во трката за Белата куќа, Камала Харис, има пред себе силен предизвик, во кус временски период да изведе цела претседателска кампања. Известува Ричард Грин. .
Домашни познавачи на меѓународните политики сметаат дека реториката околу Преспанскиот договор ќе изгуби на сила под влијание на други проблеми, но посочуваат дека отворање на стариот спор нема да донесе позитивно решение за ниту една од страните.
Вчитај повеќе