Поединечни средби со банкарите, се вклучува и Народната банка а во игра се две сценарија вели премиерот Мицкоски. Нема договор за висината на банкарските трошоци и дали и колку Владата ќе субвенционира. Бизнисот бара да почне исплатата на парите од унгарскиот кредит, условите ги оцени како поволни
Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар, објави Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
Одамна Исламска држава нема контрола врз делови од Ирак и Сирија. Сепак, многу од нејзините поранешни членови се во затвори и логори низ Сирија во услови за кои Амнести Интернешнл вели дека се и смртоносни. Затворени се и десетици илјади деца. Известува Хедер Мардок.
Имаат работа, деца и професионална траума. Некои жени од градовите во регионот на Киев во Украина волонтираат во воена единица за да научат како да ги заштитат своите семејства. Лесија Бакалец има повеќе за тоа како функционира оваа единица.
Доналд Трамп можеби нема да се пресели во Белата куќа до јануари, но тој ги поставува темелите и прави планови за внатрешната политика во следните четири години. Известува Керолин Пресути.
Вчитај повеќе