Денеска напладне во скопско Арачиново е пукано кон градоначалникот на општината, Ридван Ибраими. Во тој момент тој бил придружуван од две лица - за едното се вели дека бил негов возач. Според првичните информации застрелан е токму возачот. Автор: Владимир Мирчески
Опозицијата се окрупнува во пресрет на претседателските и парламентарните парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ денеска потпиша повелба за, како што ја нарекоа, стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на коалицијата која ја именуваа „Твоја Македонија“.
Дебата меѓу седумтемина кандидати за претседател на државата сепак ќе има. Изборните штабови на сите претенденти за врвната функција во земјава денеска потврдиле дека се согласуваат со повикот на актуелниот претседател Стево Пендаровски да настапат на главна, т.н. мастер дебата.
Кампањата се уште непочната, а веќе се појавија сомнежи дека изборите ќе бидат фер и демократски. Стравувањата дојдоа токму од актуелниот министер за внатрешни работи кој, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, го води овој ресор во техничката влада на премиерот Џафери. Автор: Владимир Мирчески
Веќе четири години земјата е дел од најмоќниот воено-политички Сојуз во кој влезе по исполнувањето на потребните критериуми, но и по компромисот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор кој значеше промена на уставното име. Автор: Владимир Мирчески
Вака ќе изгледа гласачкото ливче за првиот круг од претседателските избори на кој ќе се соочат седум кандидати за врвната позиција во земјава – така пресече денешната жрепка што се одржа во Државната изборна комисија. Автор: Владимир Мирчески
Измените донесени по брза постапка, со поддршка и на мнозинството и на опозицијата. Што содржат измените? Како може да се гласа? Детали од Владимир Мирчески од Скопје.
Тошковски вели дека постои можност повеќе од 100 000 граѓани да не гласаат на претстојните претседателски и парламентарни избори поради проблеми со личните карти со новото име. Премиерот Џафери тврди дека има доволно време да ги добијат документите со кои ќе може да гласаат.
Иако земјава веќе четири години е дел од најмоќниот воено-политички сојуз, таа, покрај безбедносните, се уште докрај не ги ползува и економските бенефити од членството.
Актуелниот претседател денеска ја објави својата кандидатура за втор мандат за шеф на државата. Пендаровски, кој од 2019, е на чело на Северна Македонија најави дека станува збор за граѓанска кандидатура и ги повика граѓаните, од недела, да дадат потпис за него во подрачните едници на ДИК.
Вчитај повеќе