„Политиката на проширување на ЕУ може значително да придонесе за постигнување на нашите безбедносни цели и затоа проширувањето останува во центарот на нашето внимание“, рече во Собранието Мариуш Бримора, амбсадор на Полска, земјата која претседава со ЕУ.
Ваквото позиционирање на официјално Скопје доаѓа во период на силна дипломатска мобилизација кај клучните европски сојузници за поголем ангажман во Украина и сериозното разгледување на опцијата за испраќање трупи. Повеќе детали од Владимир Мирчески од Скопје.
Унгарската и македонската влада се на иста линија кога станува збор за Украина, а тоа е дека Европа, која е најпогодена од тригодишната руска агресија, треба да притиска за одржливо мировно решение и дека токму Европа треба да има позначајна улога во процесот на конечно запирање на војната.
„За нас е клучно во Украина, преку разговори, да се дојде до мировно решение“, порача турскиот претседател по денешна средба во Истанбул со премиерот на Северна Македонија. Детали од Владимир Мирчески од Скопје.
Владата уверува дека нејзината актуелна надворешна политика, која опозицијата ја критикува за неодредена и за импровизаторска, не значи оддалечување од Европската Унија за сметка на приближувањето кон новата американска администрација. Автор: Владимир Мирчески
Надворешната политика е новото политичко „бојно поле“ меѓу власта и опозицијата. Разликите меѓу двете страни за тоа како треба да функционира македонската дипломатија ги соочија премиерот Мицкоски и опозиционерот Филипче. Повеќе детали од Владимир Мирчески од Скопје.
Премиерот Мицкоски денеска повтори дека политиката што сега ја промовира Вашингтон е, како што ја нарече, „новото нормално“ за која тој очекува да добие масовна поддршка низ светот, слично како што неговата влада ја поддржи. Детали од Владимир Мирчески од Скопје.
Северна Македонија подготвува системско решение за ситуацијата со безбедноста на патиштата која со години е сериозен проблем, но доби на итност по неодамнешниот инцидент во кој на пешачки премин беше прегазена младата Фросина Кулакова. Повеќе, детали од Владимир Мирчески од Скопје.
„Вашингтон не дава гаранции за патот кон Европската Унија, бидејќи ние не сме членка на Европската Унијата, но воодушевена сум што премиерот и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон, тоа е важна врска, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер во Скопје. Деталите од Владимир Мирчески.
Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува заедничкото истражување на Институтот за демократија и локалната канцеларија на Фондацијата Конрад Аденауер.
Вчитај повеќе