Линкови за пристапност

 
Северна Македонија нема да праќа мировници во Украина, натамошната воена помош за Киев е неизвесна

Северна Македонија нема да праќа мировници во Украина, натамошната воена помош за Киев е неизвесна


Формулацијата која ја користат високи извори во Министерството за надворешни работи е дека „земјава не е подготвена за опција за нејзино воено присуство во Украина“.
Формулацијата која ја користат високи извори во Министерството за надворешни работи е дека „земјава не е подготвена за опција за нејзино воено присуство во Украина“.

Северна Македонија не размислува за можноста за испраќање војници во потенцијална европска мисија во Украина која би била дел од напорите за одржлив мир.

Формулацијата која ја користат високи извори во Министерството за надворешни работи е дека „земјава не е подготвена за опција за нејзино воено присуство во Украина“.

Ваквото позиционирање на официјално Скопје доаѓа во период на силна дипломатска мобилизација кај клучните европски сојузници за поголем ангажман во Украина и сериозното разгледување на опцијата за испраќање трупи, по можното мировно решение, како своевидна гаранција дека Русија нема повторно да нападне.

Намерата на владата, според истите дипломатски извори, е земјава, во овој турбуленетен период на искричења меѓу Вашингтон и европските престолнини и „непознатиот терен по кој оди трансатлансткото партенрство“, да се фокусира на регионалната стабилност и, како членка на НАТО, да се насочи на безбедносно зајакнување на источното и јужното крило на Алијансата.

Истовремено, Северна Македонија, која досега, по глава на жител, беше еден од најголемите донатори на воена опрема на Украина, како да ја паузира натамошната помош. „Дали ќе има нови пакети на асистенција допрва ќе се решава во координација меѓу шефицата на државата, владата и надлежните министерства“, велат изворите на Гласот на Америка од МНР.

Нивните анализи се дека ваквото позиционирање, кое несомнено е дополнително приближување кон новата американска администрација, не е на штета на односите со ЕУ чие членство е стратешка цел на земјата.

Ставот е дека и при неодамнешното гласање во ОН – воздржано за европската резолуција за Украина, се опстоило на принципиелна надворешна политика која се темели и на членството во НАТО, усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но и на стратешкото партнерство со САД.

„Убедени сме дека ја донесовме вистинската одлука, но и дека сме целосно усогласени со европската надворешна и безбедносна политика“, велат од МНР, тврдејќи дека курсот на владата не е спротивен на европските политики.

Тоа, нешто подоцна, го кажа и премиерот, но и потенцираше дека Македонија се позиционира со САД.

Убеден сум дека ние треба да се позиционираме со нашиот стратешки партнер, убедени сме дека тоа е правецот во кој треба да се движиме. Во име на тоа беше нашата поддршка за резолуцијата на САД во ОН.
Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија

„Наша стратешка цел е членство во ЕУ, но наш стратешки партнер се САД и тука никој да нема дилема. Она што очекувам во иднина е се повеќе европски политичари да бараат средба со претседателот Трамп и ќе бараат начин како да се стави крај на овој конфликт предизвикан од руската агресија. Убеден сум дека ние треба да се позиционираме со нашиот стратешки партнер, убедени сме дека тоа е правецот во кој треба да се движиме. Во име на тоа беше нашата поддршка за резолуцијата на САД во ОН.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Проценките на официјално Скопје се дека честите посети на Вашингтон и блиските релации со администрацијата на Доналд Трамп не само што ќе значат продолжување на поддршката на САД за евроинтеграциите, туку и дека ќе донесат поконкретна асистенција во ЕУ-процесот кој е блокиран зашто уставните измени за внесување на Бугарите, услов усогласен во 2022, не се завршени.

Изворите на Гласот на Америка не сакаат да коментираат дали нешто конкретно било договорено за време на посетите на Вашингтон.

Во однос на Бугарија, останува ставот дека македонската влада сака дијалог и е отворена за разговор, но и да има, како што се брифира, поголема предвидливост и гаранција дека и по евентуални уставни измени ќе нема нови билатерални прашања.

Затоа, според дипломатите, решението на ќор-сокакот се бара низ „уставни измени со одложено дејство“.

XS
SM
MD
LG